Loading Video...
Свет
27. May 2017 - 21:14

Египетски авиони нападнаа логори на милитантите во Либија по нападот врз христијаните

Египетски борбени авиони извеле  шест напади врз кампови на милитантите крај либискиот град Дерна, каде што според Каиро се обучувале исламистите одговорни за смртоносниот напад врз христијаните.Нападите биле изведени , неколку часа откако маскирани напаѓачи нападнаа група египетски Копти кои патувале во манастир во централен Египет . Веста беше објавена  неколку минути откако египетскиот претседател Абдел Фатах ал-Сиси имаше  телевизиско обраќање.

 „Египет нема да се двоуми со нападот на терористичките кампови за обука, каде и да се, на својата територија како и во странство“

Според последните податоци  најмалку 28 христијани се убиени, а 24 се ранети во вчерашниот  напад врз автобусот.Радикалната  Исламска држава денеска соопшти дека нејзини припадници се одговорни за крвавиот напад.