Свет
26. May 2017 - 13:11

Египет: Во напад на Копти 23 загинати, 25 повредени

Најмалку 23 лица загинаа, а 25 се повредени во вооружен напад на автобус, во кој се превезувала група Копти, јавија денеска египетските меидуми.

Коптите, кои се од христијанска вероисповест, биле нападнати од група вооружени мажи. Според одредени медиуми, нападот бил изведен од едно лице.

Други детали засега не се познати. Засега никој не ја презеде одговорноста за нападот, но во минатото слични инциденти беа изведувани од страна на припадници на „Исламска држава“.