Фудбал
17. October 2017 - 13:33

Ефикасно во Лас Палмас

Лас Палмас доживеа тежок пораз од Селта во последниот меч од осмата рунда во Ла Лига. Селта на Канарските Острови славеше со 5:2.
 
Селта победата ја најави во првите 20 минути кога најпрвин Емре Мор во 16, а потоа и Аспас ги постигнаа првите два гола. Поранешниот напаѓач на Ливерпул потоа постигна уште два гола и го комплетира хет-трикот. Петтиот гол за готите од Виго е дело на Ернандес.
 
Во финишот, во последните три минути Витоло и Реми ја спасија честа на домаќинот.
 
По осум кола, Селта е десетта со 11 бодови, а Лас Палмас со само шест бода е на 18.место.
https://