Живот
24. November 2017 - 15:06

Едвај го извлекоа џиновскиот питон, а потоа се шокираа од тоа што го имаше во утробата

 

Додека простирала облека во дворот Тајланѓанката Ураиван Сексук забележала дека нешто и мрда под пукнатината во бетонот. Се исплашила многу кога сфатила дека таму има огромен питон, и веднаш повикала помош.

Се покажало дека џиновскиот влекач е агресивен, долг повеќе од 4 метри и дека спасителите ќе мора да го искршат бетонот за да го извадат.

По еден час влекачот конечно го извлекле и го фрлиле во камион за да го вратат во дивината, а тогаш доживеле уште поголемо изненадување. Од силното трескање во возилото питонот почнал да го „повраќа“ она што го проголтал - огромен гуштер од родот варани тежок 15-20 килограми.

Змијата подоцна е пуштена во дивината, но гуштерот не преживеа.