Македонија
31. May 2016 - 16:43

Едукациите на медицинскиот кадар и специјализациите додадена вредност во здравствениот систем

За 4 години над 2.200 медицински лица досега биле на екукација во еминентни странски болници. Според надлежните овој проект ги надминал очекувањата. Како резултат на обуките за прв пат во македонското јавно здравство воведени се голем број нови методи на лекување.

Не само за доусовршување на знаењето, медицинскиот кадар се стекнува и со ново искуство околу организацијата, хоспиталната култура и однос кон пациентите.

Паралелно со ова тече и проектот за специјализација на доктори. Над 300 лекари годишно се испраќаат на специјализација.

Во тек е и процесот на кофинансирање на приватни специјализации, на чиј втор оглас се пријавиле 170 лекари. Конкретно од Струмица испратени се 20 лекари, од нив 18 се во Македонија и двајца во Белград. Со ова треба да се реши недостигот на специјалисти во болниците од внатрешноста.

Покрај едукациите и специјализациите здравствениот сектор се зајакнува и со нов кадар. Во јавното здравство последните пет години биле вработени над 4.000 лица. Повеќето медицински персонал и мал број административци.