Македонија
7. August 2016 - 17:58

Еднократна парична помош од 100.000 денари за семејствата на починатите во поплавите од општина Гази Баба

Советот на Општина Гази Габа ја одржа 48мата(вонредна) седница по повод невремето и штетите од елементарната непогода кои се направија на територијата на општината.

На седницата се усвои информацијата на градоначалникот за текот на активностите поврзани со штетите од елементарната непогода.

-Исто така, членовите на советот донесоа одлука за формирање на комисии за процена и утврдување на штета настаната од природни непогоди и други несреќи(по итна постапка) и одлука за доделување за еднократна парична помош на семејствата на починатите од елементарната непогода( по итна постапка) која изнесува 100 000 денари, информираат од општината.