Балкан
17. November 2016 - 14:28

Едно лице загина во сообраќајна несреќа кај Љубушки

Денес околу 10 часот, во општина Љубушки во Босна и Херцговина, се случила сообраќајна несреќа во која загинало едно лице.
 
Според неофицијални информации до несреќата дошло откако возачот на автомобилот марка „опел“ се вклучувал во сообраќајот, а на него налетал камион. Возачот на автомобилот се здобил со тешки повреди и починал на лице место.
 
На местото на несреќата полицијата врши увид, а сообраќајот е во целосен прекин.