Едно лице загина во сообраќајка на автопатот Гостивар-Тетово
Н.О.(78) од гостиварска Горна Бањица загинал во сообраќајна несреќа што вчеравечер во 20 часот и 25 минути се случила на автопатот Гостивар - Тетово спроти спортската сала кај Пирок, информираше портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски.
Според неговите досегашни информации пешакот бил удрен од засега непознато патничко возило со непознат возач што го напуштило местото на несреќата, а тој од задобиените повреди починал на самото место.
Смртта кај починатиот ја констатирал дежурен лекар од службата за брза помош кој пристигнал на местото а увид извршиле јавен обвинител и екипа од СВР Тетово.
Според обвинителството телото на починатиот било предадено за обдукција.
- Истрагата работи на утврдување на идентитетот на возачот и идентификување на возилото што учествувале во сообраќајката, како и се друго поврзано со неа, посочи Јосифовски.
Ново на Сител
-
Руски воен репортер загина во Украина
-
Претрес во Свети Николе, пронајдена дрога
-
Пожари на диви депонии во Желино и Боговиње
-
Приведен дилер во Охрид, пронајдена дрога
-
Вучиќ-О'Брајан: Различни ставови по прашањата за Косово и Сребреница
-
Шест деца и тројца возрасни загинаа во израелски напад во Рафа
-
Во вторник предизборен молк
-
СПМ поднесе кривична против поранешниот министер за внатрешни работи и други три лица за несовесно работење