Едно лице е потешко, а неколку полесно повредени во страшна сообраќајка на патот Тетово-Гостивар
Сообраќајна несреќа во која едно лице е потешко, а неколку полесно повредени се случила вчера попладне околу 17 часот и 45 минути на автопатот Тетово-Гостивар клучката за Камењане.
Во несреќата учествувале возило „Опел тигра“ со велешки регистерски таблици управувано од 28-годишната велешанка З.З, кое поради дефект необезбедено било запрено на дел од едната коловозна лента, товарно возило „Фолсфаген фургон“ со тетовски таблици, што го управувал 43-годишниот тетовец И.Е. и патничко возило „Мерцедес вито“ со кичевски таблици, управувано од 34-годишниот Б.М. од Кичево.
-Во несреќата, возачот на „Мерцедесот“ и сопатничките од истото возило Д.М, Ш.М. и А.А, како и сопатникот од „Фолсфагенот“ В.Е. задобиле со повреди и со медицинско возило пренесени се во тетовската клиничка болница. По укажаната лекарска помош, четворица од повредените пуштени се дома, додека поради сериозноста и карактерот на повредите 30-годишната Ш.М. итно е префрлена на скопските клиники, информираат од СВР Тетово.
По овластување на јавен обвинител, увид извршила екипа од СВР Тетово. Се утврдува причината за несреќата, во која вкупната материјална штета се проценува на 80 илјади денари.Инаку, поради оваа сообраќајна несреќа сообраќајот бил во прекин еден час и се пренасочувал по регионалниот пат Тетово-Пирок.
Ново на Сител
-
Пожар зафати куќа во неготинско Долни Дисан
-
Врховен задутре ќе одржи јавна седница по жалбата на таткото на Вања против мерката притвор
-
Минималната синдикална кошница за април 60.212 денари, зголемена за 1.214 денари во однос на март
-
Цената на лебот засега е стабилна и нема да се менува, велат од Агро-бизнис комората при ССК
-
МВР, ЈО и АНБ комплетно подготвени за претстојните претседателски избори
-
Инаугурацијата на Путин ќе се одржи на 7 мај
-
Шојгу: Русија ќе ги интензивира нападите врз складишта со западно оружје во Украина
-
Просечната плата во февруари изнесува 39.276 денари