Бизнис
10. April 2017 - 20:17

Една година Сее Линк: Пет берзи од регионот на една платформа за тргување

Поместување има, но не доволно. Една година откако Сее линк платформата стана оперативна, се уште има пречки во функционирањето.

Сее линк платформата ги обединува берзите од Загреб, Софија, Скопје, Белград и Љубљана. Има пазрана капитализација од 38,5 милијарди долари. Берзите не се сопственички поврзани, но преку платформата се пренасочуваат налози за тргување.

На денешната конференција во Белград се разговара за отстарнување на пркечките за платформата да постигне полн потенцијал.

Преку сее линк платформата веќе една година домашните компании кои котираат на Макеоднската берза се достапни за инвеститорите од ргеионот, а македонските граѓани можат да тргуиваат со акциите на регионалите компании.

Плановите на СЕЕ Линк за наредниот период ќе бидат во насока на зголемување на ликвидноста на платформа, приклучување на нови берзи и брокери.