Балкан
20. January 2018 - 10:50

Единаесет жртви во автобуска несреќа во Турција

Најмалку 11 лица загинаа и 44 се повредени во автобуска несреќа што денеска се случи во провинцијата Ескишехир, во централна Турција.

Локалните медиуми јавија дека автобус, кој превезувал ученици кои биле на екскурзија, излетал од патот и удрил во дрва.

Се претпоставува дека возачот ја изгубил контролата врз автобусот.