Балкан
5. April 2017 - 14:10

Единаесет турски војници се уапсени во рамки на истрагата против движењето на Ѓулен

Единаесет турски војници се уапсени денеска во рамки на истрагата против Фетулахистичката терористичка организација, објави телевизијата Си Ен Ен - Турк.

Операцијата била извршена по наредба на Јавното обвинителство во источниот округ Елазег. Претрес е извршен на 11 адреси во градовите Кованџелар и Палу.

Според турските власти, мрежата на муслиманскиот проповедник Фетулах Ѓулен, кој живее во САД, е одговорна за обидот за преврат во Турција на 15 јули минатата година. Властите спроведоа огромни чистки, при што десетици илјади лица беа уапсени, а околу 100.000 луѓе беа отстранети од работните места.