-->
-->
Еден загинат при напад врз ноќен клуб во Бодрум
-->
Едно лице загина, а три други се ранети минатата ноќ при напад врз ноќен клуб во турскиот град Бодрум.
Како што јави агенцијата Анадолија, нападот врз клубот го извршиле група вооружени мажи.
При нападот е убиен еден 22-годишен маж, чиј идентитет засега не е соопштен. Не се соопштени ниту идентитети, ниту пак здравствената состојба на тројцата повредени, кои се задржани на болничко лекување.
Мотивите за нападот засега не се познати, а полицијата трга по напаѓачите.
Бодрум е популарна туристичка дестинација на турскиот брег, каде во текот на летната сезона престојуваат голем број странци.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
ДИК: Oбработени 96,37% од гласовите, Силјановска Давковa 351.826 - Пендаровски 174.658
-
ДИК: Oд обработени 90,18% oд гласовите Силјановска Давкова 325.150, Пендаровски 162.062
-
Ковачевски: Знам дека многу наши поддржувачи се разочарани, но сега не е време за откажување
-
ДИК: Oд обработени 87,17% oд гласовите Силјановска Давкова 315.638, Пендаровски 156.406
-
Мицкоски: Победуваме со над 170.000 гласа разлика
-
Пендаровски: Резултатите не се такви какви што ги очекувавме
-
Пендаровски: Резултатите не се такви какви што ги очекувавме
-
Димитриевски: Испишуваме историја, се роди 3-тата политичка сила во македонскиот политички блок