Свет
26. November 2016 - 12:43

Еден загинат и тројца исчезнати во поплавите во Италија

Едно лице загина, а три други се водат како исчезанти во поплавите предизвикани од силните дождови, што од четвртокот ја зафатија цела Италија, јавија денеска италијанските медиуми. 

Рибар на 73-годишна возраст се удавил во надојдените води во близина на градот Џенова во северно италијанскиот регион Лигурија. 

Во соседниот регион Пиемонт, пак 70-годишна маж, кој се обидувал да доплива до копно, се води како исчезнат. 

Уште две лица се водат за исчезнати во јужниот регион Сицилија.