Македонија
23. November 2017 - 17:34

Еден загинат и петмина повредени во сообраќајка на патот Кратово – Пробиштип

Едно лице починато и петмина тешко повредени е црниот биланс на страшната сообраќајна несреќа,  што се случи утринава на патот Кратово-Пробиштип, кај местото викано „Бигорска Чешма“. Во несреќата учествувале две возила, „Рено Меган“ со скопски регистарски ознаки и „Фолксваген Пасат“ со штипски таблички. Во двете возила имало вкупно шест лица. Четири од нив се пренесени во штипската клиничка болница.

- Двајца се на одделението за анестезија, во шок соба, а едното лице веднаш е внесено во салата за операција и при интервенцијата лицето е починато-изјави  Марина Шуманска, портпарол на Клиничка болница- Штип

Тројцата хоспитализирани се вон животна опасност. Останатите двајца учесници во сообраќајката се пренесени во болницата во Пробиштип. Полицијата од 8 и 40 до 10 часот утринава вршеше увид на лице место и во тој временски интервал патниот правец беше затворен за сообраќај.