Македонија
23. March 2018 - 22:56

Еден загинат и еден тешко повреден во две сообраќајни несреќи

Еден загинат и еден тешко повреден е црниот биланс од 2 сообраќајни несреќи на патиштата на Истокот. Првата се случила на регионалниот пат кој води од планината Плачковица кон Штип, кога 65 годишен возач од село Таринци, управувајќи товарно моторно возило „Застава“ излетал од патот и удрил во дрво.

- Доктор од итната медицинска помош констатирал кај возачот на товарното моторно возило, на самото место на настанот-изјави Гордана Панајотова, портпарол на СВР –Штип

Втората сообраќајка  се случила на патот Куманово- Овче Поле, кај Светиниколските оранжерии. Триесет и пет годишен возач на возило „Форд фокус“ се судрил со автобус.

- Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот на ПМВ „Форд фокус“ кој со возило на медицинската помош е пренесен во Клиничка болница –Штип-изјави Панајотова

Поради сериозноста на повредите, возачот е пренесен на клиниките во Скопје. Причините за незгодите се утврдуваат, но првичните индиции говорат дека се настанати поради влажните и лизгави коловози и не прилагодена брзина на условите на патиштата.