Свет
21. August 2017 - 19:43

Еден загинат и еден повреден во Марсеј, инциденти не се сметаат за тероризам

Една жена загина, а еден човек е повреден во францускиот пристанишен град Марсеј, откако комбе удри во две автобуски постојки, пренесоа светските агенции, повикувајќи се на полициски извори.

Постојките се наоѓаат во две различни области на градот - 13 и 11. Инцидентите се случија во интервал од 6.30-7.30 по локално време.

На првата станица комби Рено Мастер тешко повреди еден човек, а по некое време удрил во втората постојка, каде загина жена на возраст од околу четириесет години, која чекала автобус.

Кратко потоа, полицијата успеа да го запре комбето и да го задржи возачот.

Обвинителот на Марсеј Ксавиер Тарабио изјави дека нема докази дека станува збор за терористички чин, туку за несреќи предизвикани од лице со психички проблеми.

Според локалните медиуми, уапсениот човек од комбито е на возраст од околу 35 години и не е жител на Марсеј.