Еден убиен во напад со нож на станица во Марсеј
Непознат човек денеска нападнал минувачи на железничката станица Сен-Шарл во Марсеј, убивајќи најмалку едно лице, по што беше ликвидиран од страна на припадници на француските безбедносни сили „Сантинел". Идентитетот на напаѓачот сѐ уште не е познат.
Телевизијата БФМ наведува дека најверојатно се работи за тероризам.
Дел од локалните медиуми јавуваат дека напаѓачот извикувал „Алаху Акбар".
Обвинителството ја потврди смртта на напаѓачот.
Француската полиција на Твитер објави дека интервенцијата е во тек и ги предупреди граѓаните дека треба да се избегнува овој дел од градот.
На истата социјална мрежа, патниците известија дека имало пукање и паника.
Министерот за внатрешни работи Жерар Коломб веднаш се упати на местото на инцидентот.
Ново на Сител
-
Пристигнаа првите резултати од изборите во Хрватска: ХДЗ освои 58 мандати, СДП и партнерите 44
-
Уапсен 33-годишен скопјанец, истепал полицајци во полициска станица
-
Истепан вработен на ЕВН во Глумово
-
Џафери славеше роденден, семејството го изненади со торта во Владата | ВИДЕО
-
Скопјанец ја истепал поранешната девојка и ѝ го украл накитот
-
24 годишник со „ренџ ровер“ се обидел да прегази полицајци
-
Полицајци одзеле канти со поликолор на момчиња кои пишувале графит
-
Избоден затвореник во прилепскиот затвор