Македонија
25. March 2017 - 13:20

Еден тешко повреден во судар на автомобил и камион кај Росоман

Вчера во 14.10 часот на регионалниот пат Кавадарци-Росоман се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „Лада“ со велешки регистарски ознаки, управувано од А.М. (30) од Росоман и товарно моторно возило „Опел Корса Фургон“ со скопски регистарски ознаки, а управувано од Л.П. (61) од с. Ваташа.

Во незгодата А.М. се здобил со тешки телесни повреди и поради сериозноста на повредите веднаш е пренесен во Клинички центар Скопје.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на ПС Кавадарци.