Свет
26. September 2017 - 10:02

Еден повреден во инцидентот во близина на резиденцијата на Дутерте

Едно лице е повредено во инцидентот што рано утрово се случи во близина на резиденцијата на филипинскиот претседател Родриго Дутерте, каде се слушаа истрели од огнено оружје.

Во моментот на пукањето, Дутерте не бил во резиденцијата.

Инцидентот се случува во период на реализација на плановите на Дутерте за „борба против дрогата“, во која досега настрадаа неколку илјади луѓе. За нивната смрт се обвинуваат филипинската војска и полиција.