Свет
28. July 2017 - 18:01

Еден човек убиен од маж, вооружен со нож во супермаркет

Маж, вооружен со нож нападнал неколку лица во супермаркет во Хамбург, при што едно лице загина, соопшти полицијата на својот Твитер налог.

Напаѓачот во северниот пристанишен град е уапсен.

- Немаме јасни информации за мотивот или за бројот на повредените, додаде хамбуршката полиција.