-->
-->
Ѕвездата од серијата „Курсаџии“ итно оперирана
-->
Актерот Бранко Бабовиќ, ѕвезда од серијата „Курсаџии“ минатиот викенд бил итно опериран. Српски Блиц пишува дека актерот со возило на итна медицинска помош бил пренесен во болница каде дознал дека му пукнало дебелото црево.
-Беше многу критично. Мислев дека нема сè добро да помине бидејќи трпев многу болки долго време. За среќа се заврши без поголеми проблеми. Во моментов се уште сум во болница. Очекувам дека за десетина дена ќе бидам пуштен дома, изјавил актерот.
Извор близок до Бабовиќ истакнал дека операцијата траела околу 2 часа.
-Не беше нималку наивно. Во првиот момент сите беа исплашени да не дојде до сепса бидејќи Ѓуро трпеше големи болки не знаејќи што му се случува. За среќа помина се во најдобар ред, посочува анонимниот извор.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација
-
Претседателски избори 2024: Утре први гласаат членовите на ИО кои ќе ги спроведат изборите во дијаспората