Бизнис
24. January 2017 - 20:14

ДЗС: Вработените во воздухопловство со највисока плата од над 1.500 евра - Во кожарската идустрија со најниска, од 200 евра

Разликата меѓу најниската и највисоката плата во земјава изнесува околу 1400 евра. Според податоците на ДЗС за ноември, најслабо платени работници во земјава биле кожарците со просечно примање од 11.844 денари. Најплатени биле вработените во воздухопловниот транспорт со просек од 96.174 денари или тие во само во ноември заработиле по повеќе од четири месечни просечни македонски плати.

Воздухопловците се дефинитивни рекордери според платите во земјава. Тие имаат двојно повисока плата од вторите на листата со највисоки примања  - тоа се вработените во ИТ секторот со просек од 47.000 денари. Следат финансиските дејности, осигурување и пензиски фондови со просечна плата од 44.000  денари . Над 40.000 плата во земјава земаат само уште вработените во фармацијата и во правните и сметководтсвени дејности.

Покрај кожарците, најслабо платени се уште и врабоени во рибарството со просек од 12.064 денари и текстилците со просечна плата од 13.161 денар.

Во номерви, просечната плата во земјава изнесувала 22.380 денари и е за 1,8% повисока во однос на истиот месец лани, а 1,4% од вработените воопшто не примиле плата.