Бизнис
23. January 2018 - 20:09

ДЗС: Со речиси 100.000 денари плата вработените во воздухоловството се најплатени работници

Со месечно покачување од 82 проценти вработените во воздухопловството во ноември лани заработиле над 96 илјади денари и со тоа пилотите и другите работници во секторот  се искачија на врвот на најплатени  во државава.

Втори се програмерите, со плата од над 50 илјади денари, трети работниците од финасискиот сектор. Во ноември лани нивните примања изнесувале  над 45 илјади денари. Зад нив се вработените во фармацевската иднустрија со плата од 42 илјади денари и во телекомуникациите со месечна заработка од 38.000 денари.

Најскормни и понатаму остануваат примањата во кожарската индустрија кои со годишен раст од 15,4 проценти во ноември лани достигнуваат 13,664 денари. Покрај  кожарите најслабо платени во земјава се и текстилците и вработените во рибарството.

Ако се споредат најниската и највисокапа плата во земјава ќе се види дека во ноември лани вработените во воздухопловсотвото заработиле  82 илјади или 1.340  евра повеќе од работниците во кожарската иднсутрија.

Најголема загуба имаат  вработените во објактите за сместување чии месечни примања се намалиле за  близу 16 отсто.

Инаку статистика објави дека просечната плата лани во номеври изнесувала 23 196 денари. Во споредба со претходни месец има  минимален пад од 0,7 отсто или 163 денари.  Според аналитичарите намалувањето не е загрижувачко но сосотјбата мора да се  следи.

Во ноември лани 1,1 отсто од вработените во земјава не добола плата за сработеното. .