Бизнис
5. January 2016 - 20:19

ДЗС: Раст на извозот од 11% од јануари до ноември

Извозот заклучно со ноември пораснал за 11 проценти, објави државниот завод за статистика. Во периодот од јануари до ноември од земјава се извезле производи во вредност од над 3,7 милијарди евра. Увозот при тоа се зголемил за 5 процентни поени на 5,2 милијарди. Покриеноста на увозот со извоз е 70,9%, односно трговскиот дефицит е 1,5 милијарди евра. Според структурата на извозот и натаму во него најголеми учество имаат компаниите од зоните, како и големите металуршки компании. Катализатори, феероникел,сетови на проводници, производи од железо и челик се најизвезуваните од земјата. Властите очекуваат позитивниот тренд во извозот да продолжи со оглед на триесетина инвестиции кои се најавија или веќе отпочнаа со работа лани. –

Перманентно расте бројот на странски инвестиции, како и производството на компаниите кои веќе инвестирале и очекуваме нивниотизвоз од земјава да достигне 1,5 милијарди евра, рече вицепремиерот Ставрески.

Вкупно трговската размена е зголемена за 6,3%. Во увозот најзастапени се платината и нејзини легури, нафтени масла, струјата.