Бизнис
15. January 2017 - 16:28

ДЗС: Пет процентен раст на туризмот

За пет отсто е зголемен бројот на туристи во земјава, покажуваат последните податоци на статистиката. Во периодот од јануари до ноември лани во однос на истиот период од 2015 година, кај домашните туристи бројката е зголемена за 5,3 отсто, а кај странските за 4,8 проценти. За истиот период зголемување има и кај ноќевањата и тоа за 2,7 проценти.

Само во ноември  во земјава имало над 44 илјади туристи што во споредба со ноември 2015 е повеќе за 5,7 отсто. Кај домашните  бројот е зголеме за 5,3 проценти , а кај странските за 5,9 отсто. За истиот период кај ноќевањата има пораст од 3,4 проценти.

Најбројни се туристите од Турција, Грција, Германија,Србија, Бугарија. Скопје пак е едно од најпосетуваните места  од странските посетители.

За подобрување на туризмот во земјава помоглане државните субвенции за туроператорите, промоцијата на државата  и воведувањето на  евтините авио летови.

Надлежните посочија дека и покрај мигранската и политичката криза во 2016 година , туристичкиот сектор повторно  успеа да генерира позитивни резултати во работењето.