Бизнис
27. October 2017 - 20:27

ДЗС: Минатата година во Македонија 450.000 лица биле сиромашни

Многудетните семјества се најсирмашни. Над половина од оние со три и повеќе деца во 2016 година биле сиромашни. Не помалку сиромашни се семејствата со две деца до 14 години. Според статистичарите праг на сиромаштија за овие домаќинства е годишен приход од 173.376 денари. Или живејачка со 14.400 денари месечно.

 Генерално, пак, според индикаторите за сиромаштија кои денеска ги објави Државниот завод за статистика лани стапката на сиромашни лица во земјава изнесувала 21,8%.

Критична е состојбата и кај самохраните родители. 37,5% од нив се сиромашни. Под прагот за сиромаштија живеат и домаќинствата со издржувани деца, 26% од нив лани живелее во сиромаштија.

Под прагот на сиромаштија во апсолутна бројка, во Макеоднија живеат над 450.000 лица. Најголем дел од сиромашните се невработени. 46% од невработените мажи и секоја трета невработена жена се сиромашни. Но, сиромашни с еи тие кои земаат плата. 9% од вработените не заработуваат доволно за живот.

Според анализите на фајнс тинг пак, речиси половина од работниците во земјава живеат со помалку од 200 евра, а само 8% имаат плата над 400 евра.