Бизнис
26. September 2017 - 19:40

ДЗС: Македонија доби оценка 4 од странските туристи

Многу добар четири. Ова е оценката што странските туристи и ја дадоа на Македонија. Најзадоволни биле од однесувањето на луѓето, а најнезадоволни  од  патната инфрастуктута  и од  хигиената на плажите, покажува анкетата на државанта статистика..

Домашните турсити најмногу ги посетувале езерските места. Странците пак најмногу иинтерес пројавиле за Скопје или 40 отсто од вкупниот број на странски гости  го  посетиле главниот град. Тие најчесто преспивале во хотели со четири ѕвезди.

Како и  секоја година така и лани најборјни биле гостите од Турција.

Годинава  пак од јануари до јуни земјава ја посетиле над 340 илјаид странски туристи или 17, 6 проценти повеќе од истиот период лани.

Бројот на туристи расте како резултата на  воведувањето на дирекни авио линии од двата аеродрома. Но и покрај овие позитивни стапки на раст и туристичките работници и натаму  главен проблем се дивите туристички водичи.

Во земјава има 760 туристички водичи  од кои 400 тини се активни. Од нив само двајца знаат холандски јазик и покрај тоа што бројот на посетители  од таму во змејава расте.

Туризмот  и угоститлествотот учествиваа со 1,2 отсто во вкупниот домашен производ.