Ѕирнете во луксузниот комплекс каде што се сместени македонските ракометари
Климатизирани соби со Wi-Fi, спа центар, спортска сала, фитнес центар, базен, се само дел од услугите кои ги нуди луксузниот комплекс „Свети Мартин“ во кој се сместени нашите ракометари.
Тие во комплексот се чекираа денеска, откако го напуштија Загреб.
Попладево во спортската сала во луксузниот хотел одржаа тренинг, на кој се подготвуваат за првиот противник од 2. коло.
Како што најавија од репрезентацијата, утрешниот тренинг ќе се одржи во друга спортска сала, која е на неколку километри оддалечена од хотелот во кој се сместени.
Според информациите на booking.com, сместување за едно лице во овој хотел чини околу 7.000 денари со вклучен појадок.
Комплексот во кој се сместени нашите ракометари е еден од најдобрите и најопремени во регионот.
спортм.мк
Ново на Сител
-
Пристигнаа првите резултати од изборите во Хрватска: ХДЗ освои 58 мандати, СДП и партнерите 44
-
Уапсен 33-годишен скопјанец, истепал полицајци во полициска станица
-
Истепан вработен на ЕВН во Глумово
-
Џафери славеше роденден, семејството го изненади со торта во Владата | ВИДЕО
-
Скопјанец ја истепал поранешната девојка и ѝ го украл накитот
-
24 годишник со „ренџ ровер“ се обидел да прегази полицајци
-
Полицајци одзеле канти со поликолор на момчиња кои пишувале графит
-
Избоден затвореник во прилепскиот затвор