Македонија
20. April 2017 - 16:16

Џудишал Воч покрена тужба поради отсуството на одговор за трошењето на американските пари во Македонија

Џудишл Воч покрена тужба против Стејт Департментот и УСАИД  откако не им беше дозволен   пристапот  до инфомации за тоа како се потрошиле парите на американските даночни обврзници во случајот на финансирање на фондацијата Отворено Општество на Џорџ Сорос во Македонија.   

Правниците на Џудишл Воч на 16 февруари поднеле офцијално барање до Департментот да им бидат доставени овие информации, но останале без одогвор, со што, според нив, е прекршен законот за пристап на информации. 

Џудишл Воч тврди дека во период од 2012 до 2106 година, Сорос Фондацијата во Македонија добила околу пет милиони доалри за проекти од УСАИД.

Реагираа и сенаторите. Конзервативецот Мајк Ли  во изјава за Фокс Њуз го ппостави прашањето за кои и чии агенди  се трошат американските пари.

Фокс Њуз од Стејт Департементот побара коментар во всрка со тужбата  која ја поднесе Џудишл Воч, но оттаму им беше посочено дека не коментираат  случаи кои се во судска постапка.