Џо Бајден го запозна наследникот Мајк Пенс со своите приоритети во работата
Американскиот потпретседател Џозеф Бајден вчера во Вашингтон се сретна со својот „наследник“ Мајк Пенс, кој беше избран за потпретседател во тандемот на Доналд Трамп, и го запозна со приоритетните задачи во својата работа.
Бајден особено ги спомена односите со НАТО и со Источна Европа, информира прес службата на Белата куќа, цитирана од ТАСС.
Демократот Бајден пред републиканецот Пенс ги потенцира „клучните задачи“ на потпретседателот на САД и со него разгледа „редица конкретни политички досиеја, над кои тој го концентрирал своето внимание во последните години“. Овие досиеја ги вклучуваат НАТО и Источна Европа, а и неговата работа на зацврстување на средната класа во САД. Не се посочуваат детали од неговиот говор.
Бајден на Пенс му ветил лесно предавање на власта и го поканил на гости, заедно со семејството, во својата резиденција на територијата на обсерваторијата на американските военопоморски сили во Вашингтон.
Ново на Сител
-
Пожар зафати куќа во неготинско Долни Дисан
-
Врховен задутре ќе одржи јавна седница по жалбата на таткото на Вања против мерката притвор
-
Минималната синдикална кошница за април 60.212 денари, зголемена за 1.214 денари во однос на март
-
Цената на лебот засега е стабилна и нема да се менува, велат од Агро-бизнис комората при ССК
-
МВР, ЈО и АНБ комплетно подготвени за претстојните претседателски избори
-
Инаугурацијата на Путин ќе се одржи на 7 мај
-
Шојгу: Русија ќе ги интензивира нападите врз складишта со западно оружје во Украина
-
Просечната плата во февруари изнесува 39.276 денари