Македонија
18. December 2017 - 22:42

Џип падна во водите на Вардар во центарот на Скопје – Пожарникарите во спасувачка мисија

Жолт Нисан кој паднал во реката Вардар вечерва ги мобилизараше полицијата и пожарникарите во Скопје. Повеќе од еден час се обидуваа да го извлечат возилото од реката кое според информации на полицијата прв пат било забележано во 16 часот и 45 минути наспроти Македонскиот народен театар.

Според пријавата на граѓанин кој информирал за случајот, возилото било со вклучени трепкачи.

Автомобилот Нисан со скопски регистрации е на актерката Весна Петрушевска. Таа во телефонски разговор за Сител изјави дека со возилото пристигнала пред МНТ пред 16ч30 минути и тврди дека прописно паркирала на рамна површина, излегла и го заклучила автомобилот. Петрушевска се сомнева дека е можно да се работи за неуспешн обид за кражба на автомобилот бидејќи тој во реката бил забележан со вклучени трепкачи.

По извлекувањето на автомобилот, полицијата правеше увид и нејзината истрага треба да открие како возилото се нашло во Вардар.