Македонија
20. January 2017 - 11:13

Џихадистите го уништија славниот Тетрапилон во Палмира

Екстремистите од ИД го уништија Тетрапилонот - еден од најголемите споменици во древна Палмира, како и фасадата на Римскиот театар, јавија денеска сириските медиуми. 

Се уште нема информации за детелите како и кога се уништени спомениците. 

Џихадистите од ИД минатата година уништија неколку древни храмови во Палмира. 

Тетрапилон е платформа што се наоѓа на четири столбови од кои е сочуван само еден изворен од египетски гранит.