Џентилони: Италија може да биде горда со начинот на кој се справува со миграциската криза
Италија е „со високо крената глава" по прашањето на миграцијата, изјави синоќа премиерот Паоло Џентилони, откако Амнести интернешнал го обвини Рим и Европа за „соучество“ во малтретирањето мигранти од Либија.
-На крајот конечно ја разјаснивме ситуацијата со човековите права во Либија, рече Џентилони во говорот пред сенаторите, а потоа и пред пратениците пред самитот во Брисел на 14 и 15 декември.
Џентлиони истакна дека токму благодарение на договорите склучени помеѓу Рим и Триполи за запирање на протокот на мигранти, агенциите на ОН можат да интервенираат во Либија. Тој додаде дека волонтерските враќања на либиските мигранти во нивните родни места се зголемило од „околу 3.000 минатата година на над 15.000 денес и може да ја надмине бројката 20.000 оваа година".
- Во Италија „пристигнаа 30 проценти помалку мигранти оваа година", рече Џентлиони и истакна дека „овие бројки не се постигнуваат со волшебен стап".
- Во овој контекст, Италија „може да се гордее со тоа што е земја, која е добар пример во Европа, за прифаќање (мигранти), за спасување човечки животи во морето и предизвикување сериозна штета на трговците со луѓе", изјави Џентлиони .
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација