Свет
18. October 2017 - 18:29

Џентилони: Италија е добар пример за справување со мигрантите

Италијанскиот премиер Паоло Џентилони денеска изјави дека неговата земја е добар пример за тоа како Европа треба да се справи со бегалците и мигрантите.

- Италија е горда што е добар пример по прашањето на мигрантите. Го намаливме бројот на лица кои гинат на отворено море, како и бројот на илегално пристигнати мигранти, изјави Џентилони во италијанскиот Парламент, во пресрет на утрешниот Европски совет во Брисел, каде ќе се дискутира и за прашањето на мигрантите.

По затворањето на балканската рута на почетокот на 2016 година, Италија стана главна порта за влез во Европа, преку Либија и Средоземното Море. Пред неколку месеци Италија презема мерки за да го спречи пристигнувањето на бродовите со бегалци и мигранти од Африка, намалувајќи ја рутата за една четвртина.