Џет-Сет
13. December 2017 - 15:27

Џеј имал операција на срце: Му претстои долго опоравување

Српскиот народен пејач Џеј Рамадановски направи операција во една приватна клиника за кардиоваскуларни болести во Виена.

Веќе неколку години Џеј има проблеми со срцето, брзо се заморуваи отежнато дише. Поради таа причина бил хоспитализиран во март, откакопретходно во својот дом добил гушење.

Џеј одлучил да се лекува и операцијата да ја изврши во Виена, а до него како поддршка биле неговите ќерки.

Операцијата поминала во најдобар ред,а лекарите изјавиле и дека била успешна, а пејачот се чувствува добро, но сепак му престои долг период за рехабилитација.