Џафери се сретна со директорката на Директоратот за проширување на ЕУ за Западен Балкан
Претседателот на Собранието на Република Македонија, Талат Џафери оствари средба со директорката на Директоратот за проширување, надлежна за Западен Балкан на Европската комисија, Геновева Руиз Калавера.
За време на средбата, соговорниците се согласиле дека се реализира предвидената динамика на активности поврзани со ефективното и ефикасното функционирање на Собранието на Република Македонија во извршувањето на неговите надлежности како законодавен дом.
Претседателот на македонскиот Парламент потенцирал дека Собранието станува отворено за граѓаните и граѓанскиот сектор залагајќи се притоа за промена на досегашната перцепција за него и тоа да стане вистински коректор на извршната власт.
Директорката на Директоратот за проширување, надлежна за Западен Балкан ја истакнала поддршката од европските институции за евроатланските интеграции на Република Македонија.
- Европската Унија со внимателност ќе ги следи демократските процеси, владеењето на правото како и реформите во јавната администрација и ќе продолжи да биде конструктивно критична во однос на евроинтегративните процеси на државата, се наведува во соопштението од прес-службата на Собранието на Република Македонија.
Ново на Сител
-
Пожар зафати куќа во неготинско Долни Дисан
-
Врховен задутре ќе одржи јавна седница по жалбата на таткото на Вања против мерката притвор
-
Минималната синдикална кошница за април 60.212 денари, зголемена за 1.214 денари во однос на март
-
Цената на лебот засега е стабилна и нема да се менува, велат од Агро-бизнис комората при ССК
-
МВР, ЈО и АНБ комплетно подготвени за претстојните претседателски избори
-
Инаугурацијата на Путин ќе се одржи на 7 мај
-
Шојгу: Русија ќе ги интензивира нападите врз складишта со западно оружје во Украина
-
Просечната плата во февруари изнесува 39.276 денари