Македонија
22. November 2017 - 9:37

Џафери: Негувањето на јазичните и културните богатства се влог во подобра иднина

 Претседателот на македонското Собрание Талат Џафери упати честитка по повод 22 Ноември - Денот на албанската азбука.

- Азбуката, јазикот и писменоста се многу повеќе од само средство за комуникација, тоа е вредност сама по себе, заштитник на традицијата и националниот идентитет. Во ноември 1908 година, на Битолскиот конгрес, се кодифицираше албанската азбука и тоа имаше значајно влијание врз издигнувањето на националната свест и единство помеѓу албанците, вели Џафери во честитката. 

Република Македонија, додава Џафери, е земја во која се негуваат и почитуваат различностите и со негување на јазичните и културните богатства на сите граѓани, ние придонесуваме кон зачувување на заедничките трајни вредности и тоа е влог за подобра иднина на нашите млади поколенија.