Македонија
24. March 2018 - 8:13

Џафери на 138.Собрание на Интерпарламентарната унија во Женева

Претседателот на Собранието на Република Македонија, Талат Џафери од денеска до 28 март ќе учествува на 138. Собрание на Интерпарламентарната унија што ќе се одржи во Женева.

Од Кабинетот на претседателот на Собранието соопштија дека тој ќе ја предводи собраниската делегација во чиј состав се пратениците Томислав Тунтев, Јован Митревски,  Димитар Стевананџија, Реџаил Исмаили, Африм Гаши, Јулијана Николова и Цветанка Иванова, генерален секретар на Собранието.

Џафери ќе се обрати на Собранието на Интерпарламентарната унија, а најавени се и билатерални средби.