Џафери даде исказ пред ЈОРМ за настаните од 27 април во Собранието
Претседателот на Собранието Талат Џафери денеска даде исказ во Јавното обвинителство на Република Македонија во врска со настаните и насилствата од 27 април во Парламентот. Со неговиот исказ, смета дека ќе придонесе за соодветно формулирање на настанатите дела како и за откривање на сторителите и за припадници на МВР кои не презеле соодветни мерки за заштита на пратениците, новинарите и други повредени лица.
- Ja испочитував граѓанската обврска да одговарам на повикот на соодветната инстититуција во која дадов свој исказ и свое видување по однос на настанот од 27 април. Мислам дека мојот исказ ќе придонесе соодветната институција да има соодветни докази и третман. Тие што насилно влегле повеќето беа со намера да ги загрозат физички животите на пратениците, новнарите и сите кои беа присутни тоа време во Собранието, рече Џафери.
Смета дека од неговиот исказ ќе се извлече и соодветен заклучок по однос на формулирањето на кривично-правниот настан од 27 април и оти соодветно ќе се преземат кривично-правни мерки за учесниците и на оние кои не делувале за време на насилствата, како што се пратениците кои ги отвориле вратите во Собранието, но и вработени во МВР кои не го попречувале насилството.
Ново на Сител
-
МОН: Деновите од изборите ќе се одработуваат во две саботи, СОНК бара повлекување на одлуката
-
Втор ден кампања за парламентарните избори
-
Последни 4 дена од кампањата за претседателските избори
-
Дуалното образование се попривлечно за средношколците
-
Струмичкиот театар одбележува 75 години постоење
-
Преглед на вестите од светот
-
Петмесечно бебе е вториот случај на голема кашлица во прилепско
-
Преглед на вестите од светот