Македонија
16. August 2017 - 10:46

Двојно пониско нивото на Вардар во Скопје и Јегуновце

Двојно пониски од просекот за август се водостоите на реката Вардар кај Јегуновце и во Скопје, Зајчев Рид, како и на Црн Дрим кај Ложани, покажува денешното хидролошко мерење на УХМР.

Опаѓање бележат и нивоата на Вардар кај Велес и Демир Капија, на Крива Рекај кај Крива Паланка, на Брегалница кај Берово и на Црна Река кај Новаци.

Нешто над августовскиот просек се водостоите на Пчиња кај Катлановска бања и на Струмица кај Сушево.