Двете жени кои го одбележаа животот на Дејвид Боуви
Музичката легенда Дејвид Боуви зад себе имаше два брака, прввиот со Ангела Барнет и вториот со супермоделот Иман Абдулмахид.
Првиот пат, Боуви се венчал со Барнет во 1969 година и со неа го има синот Зоуви, роден на 30 мај 1971 година. неговото цело име е Данкан Зоуви Хејвуд Џонс, а познат е и како Џо или Џои. Според тврдењата на Дејвид Боуви, Ангела се однесувала како маж и тоа не му се допаѓало. Наводно, имала лош вкус за мода, а нејзините груби кршења на законот се припишувале на влијанието на неговата рана кариера и светска слава. Се развеле во Швајцарија, на 8 февруари 1980 година, откако осум години живееле разделено.
Четири години пред разводот, дејвид за Плејбој изјави: Вистина е, јас сум бисексуалец и не можам да го демантирам изворот од кого потекнала информацијата. Сметам дека е тоа најдобрата работа која ми се случила во животот.
Дванаесет години по разводот, во 1992 година, Дејвид се ожени по втор пат. Ја избра Иман Абдулмахид, супермодела, која тогаш жареше и палеше по светските модни писти. Осум години по венчавката, Иман и дејвид ја добија ќерката Александра Захра Џонс. нагалено ја викаат Лекси. Со нив живееше и ќерката на Иман од првиот брак Зулека. Повремено живееле на Менхетен, а повремено во Лондон. Во брак беа 24 години, што е вистинска реткост во светот на познатите.
Пред Иман, Боуви имал бројни авантури, кои не успеале да станат успешни врски, меѓу кои со Бјанка Џегер, Елизабет Тејлор, Тина Тарнер, Мелиса Харли и многу други жени.
Ново на Сител
-
Ненад Димитријевиќ прогласен за МВП во ВТБ лигата
-
Од денеска поскапува регистрацијата на возилата
-
Мета: Победата на професорката Давкова ќе биде уште поубедлива
-
Протести во Венеција против туристичката такса - Судир на полицијата со демонстрантите
-
Кривична пријава за жител на Росоман за посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи
-
Таравари демантира дека вчера имал тајна средба со Ахмети, на која добил понуда од него
-
Во германските продавници пронајдени се над сто килограми кокаин во пратките со банани
-
Тошковски во посета на ЕВР Центар и Бит Пазар