Фудбал
9. January 2016 - 1:02

Две средби пауза за Суарез

Напаѓачот на Барселона, Луис Суарез доби суспензија од два натпревари, поради инцидентот кој го предизвика по завршувањето на првиот осминафинален натпревар во Купот на Кралот, против Еспањол.
 
Мечот помеѓу градските ривали Барселона и Еспањол заврши со победа на Барса од 4:1, а го одбележа грубата игра на фудбалерите на Еспањол. Главниот судија покажа 12 жолти и два црвени картони за гостинските играчи.
 
Луис Суарез по завршувањето на мечот ги чекал играчите на Еспањол со намера и физички да се пресмета со некој од нив, а главниот судија нотирал дека тој ги варедувал противничките играчи.
 
„Вие сте г...а, ве чекаме тука“, стои во судискиот извештај.
 
Барселона најави дека ќе ја обжали оваа одлука на Дисциплинската комисија на Примера.