Две сообраќајки поради кучиња скитници на автопатот Скопје – Тетово – Гостивар
Материјална штета од околу 70 илјади денари се последиците од две сообраќајни несреќи со кучиња скитници што вчеравечер во временски период од половина час се случиле на две различни места на автопатот Скопје – Тетово – Гостивар што минува низ Тетовско, информираше Марјан Јосифовски, портпарол на СВР Тетово.
Првиот случај бил на автопатот Тетово - Скопје на нецел километар до наплатната станица Желино околу 21 часот и 30 минути. Тогаш товарно возило „Фиат“ со гостиварски таблички што го управувал гостиварецот М.П.(51) удрило и усмртило куче-скитник кое поради необезбедениот автопат неконтролирано се движело по коловозот. Од удирањето во животното нема повредени во возилото, а причинетата материјална штета првично се проценува на 20 илјади денари.
Половина час подоцна, но на автопатот Тетово - Гостивар во близина на клучката за Камњане, патничко возило „Пасат“, со гостиварски таблички управувано од гостиварецот Ј.А.(52) исто така удрило и усмртило куче-скитник. Возачот и сопатничката во возилото поминале без повреди, а според првичната проценка причинетата материјална штета изнесува 50 илјади денари.
Поради зачестените сообраќајни несреќи предизвикани од животни, претежно кучиња, особено на автопатот Гостивар - Тетово - Скопје, СВР Тетово уште еднаш апелира до возачите да бидат крајно внимателни во вечерните часови но и воопшто.
Покрај тоа, до надлежните за одржување на автопатот се апелира да ги преземат сите неопходни мерки за негово квалитетно обезбедување со што ќе се спречи и оневоможи неконтролирано влегување и движење на животните и загрозување на вкупната сообраќајна безбедност на сите учесници, рече Јосифовски.
Ново на Сител
-
За еден месец изгорени над 400 хектари шума во Националниот парк Шар Планина
-
Во март зголемени потрошувачките, станбените, автомобилските и кредитите на тековните сметки
-
Приведен 20-годишник кој бил баран со потерница поради бегство од Затворот Гевгелија
-
Боки 13 бара повторено судење за „Рекет“ - има докази со кои ќе покаже каде завршиле парите од чантата Луј Витон
-
Советот НАТО-Украина ќе одржи вонреден состанок за противвоздушната одбрана на Киев
-
Спречен нов атентат врз Зеленски, уапсен Полјак кој соработувал со Русите
-
Бојмацалиев: Една година ФРОНТЕКС - прв договор потпишан на македонски јазик со ЕУ
-
Избрани 12 поротници за судењето против Трамп