Тенис
8. September 2015 - 18:37

Две победи на стартот на Златибор за Јотовски

Македонскиот тенисер Томислав Јотовски со две победи во двете конкуренции ги почна настапите на фјучрс турнирот на Златибор. Во сингл го победи Петар Цонкиќ со 6-2 и 7-5 во сетови. Во следната рунда противник ќе му биде победникот од мечот Елмар Ејуповиќ (Германија) и Стефан Миличевиќ (Србија).

Во конкуренција на двојки заедно со Бесир Дургути ги победија Борис Тинковиќ и Милашин Тодоровиќ од Србија со 6-2 и 6-1 во сетови. Во следната рунда ќе играат против првите носители Петровиќ - Сердарушиќ.