Тенис
28. July 2016 - 7:11

Две победи на Јотовски во двојки за полуфинале

Томислав Јотовски продолжува со добрите игри и победи во конкуренција на двојки на фјучрсот во Сомбор. Тој вчера заедно со Страхиња Ракиќ од Србија најпрвин во меч од 1.коло ги победија Дејан Антониќ и Дејан Катиќ со 7:6 (7:2) и 6:2 во сетови.

Во мечот од четвртфиналето ги совладаа вторите носители Дарко Јандрќ и Небојша Периќ истотака од Србија со 6:1 и 6:3.
На турнирот во сингл вчера настапи и Бесир Дургути кој загуби од првиот носител Кристијан Месарош со 2-0 во сетови.
Јотовски денеска во сингл во 2.коло ќе игра против Виктор Филипенко од Унгарија, а попладнево во двојки го игра полуфиналето со Ракиќ против хрватските тенисери Домагој Биљешко и Борна Гојо.