Бизнис
2. December 2016 - 19:49

Две нови инвестиции со 260 вработувања во Битола

Грчката компанија „Пластики“  ќе инвестира во Битола. Компанијата од Атина е  специјализирана за  производство на изолирачки материјали во градежниот бизнис. Oчекувањата се дека во период од две години инветситорот ќе вработи 150 лица и ќе вложи 2,5 милиони евра.

-Ние сме во овој бизнис уште од 1958-ма година, мојот татко ја оформи оваа компанија. Поизведуваме инфраструктурни материјали за изолирање како што кажав за тунели, метро станици, мостови, патишта и воглавно водни брани за големи градби. На почтокот ќе започнеме со инвестиција од 500 илјади евра, па за две до две ипол години ќе достигне до 2 – 2,5 милиони евра. Ќе вработиме околу 150 луѓе, вели во интервју за битослката телевизија МЕГА сопственикот на компанијата, Јанис Тирбас.

Тирбас вели дека локација за инветсицијата почнале да бараат пред две години. Сакале да инветсираат во ЕУ, разгледувале локации во Бугарија и Србија, но на крај, по еден саем во Слоум одлуката паднала на Македонија.

– Бев изненаден, ме убедија дека вашата земја e најдобра за инвестирање. После тоа, пред околу една година посетив многу места барајќи го вистинското место за нашата компанија. Дојдовме во Битола и одлучив дека  Битола е вистинското место за инвестирање. Главната причина е тоа што Битола има високо едуциран и млад кадар. Слушнав дека има многу добро инженерско школо овде и мислам дека најдобриот начин е да се пронајдат млади луѓе со добро образование, електро-механичко образование, да започнат да работат во нашата комапнија. Ова беше главната причина, но исто така е блиску до грчката граница, лесно е да се дојде тука и е доста убаво место за живеење, вели Тирбас.

Планот е со производтсво да почнат во март 2017 година.  Производите ќе бидат за извоз, главно на Блискиот исток, Балканот, Грција, Кипар и Сингапур, Кипар.

Покрај оваа, за време на вчерашниот митинг во Битла, лидерот на ВМРО ДПМНЕ најави уште една инвестицја во градот. Турска компанија од метало преработувачката индустрија ќе гради фабрика во зоната во Жабени. Инвестицијата тежи 8.6 милиони евра, а ќе донесе нови 110 вработувања. Со роизводство ќе почнат во 2018 година.