Македонија
18. December 2017 - 15:09

Две лица претепани во возило на паркинг во Скопје

Две момчиња се повредени во возило на паркинг во Скопје, откако непознати лица ги отвориле вратите на возилото и физички ги нападнале.

Случајот вчера во полиција во Ѓорче Петров го пријавил А.М. (22), кој посочил дека дента околу 13:30 часот додека бил во возило на паркинг простор на улицата „Есперанто“ заедно со неговиот 16-годишен другар се доближила поголема група на лица кои им ги отвориле вратите од возилото и физички ги нападнале, удирајќи ги со боксови и нозе во пределот на лицето и телото.

Од извршениот физички напад двајцата се здобиле со видливи повреди во вид на црвенило и оток по лицето и  телото. Се работи на целосно расчистување на случајот.