Македонија
23. December 2016 - 13:07

Две лица повредени во сообраќајка кај Валандово

Вчера околу 18.12 часот на регионалниот пат Валандово – с.Брајковци, кај м.в. „Мичкин Мост“, се случила сообраќајна незгода во која патничко моторно возило „Голф“ со валандовски регистарски ознаки, управувано од С.Н. (23) од с.Балинци, излетало од патот.
 
Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле возачот и сопатникот Д.К. (59), кои од Општа болница Гевгелија се препратени во Ургентен центар Скопје за укажување на лекарска помош.
 
Со телесни повреди се здобил сопатникот С.К. (24), кој по укажаната лекарска помош е пуштен на домашно лекување.
 
Увид на местото на настанот извршила екипа од ПС ОН Валандово.