Македонија
27. December 2017 - 8:43

Две лица потешко повредени во сообраќајки во Скопје

Две лица биле потешко повредени во две од вкупно 12 сообраќајки регистрирани во текот на вчерашниот ден на подрачјето на СВР Скопје. Во две незгоди биле полесно повредени две лица, а во осум била причинета материјална штета.

Од МВР информираат дека вчера сообраќајната полиција открила и санкционирала поголем број прекршоци. Шеснаесет возачи се движеле со брзина поголема од дозволената, тројца возачи поминале на крстосница на црвено светло и двајца  возачи за неправилно престигнување. Од сообраќај биле исклучени осум возачи пред да се стекнат со право на управување на моторно возило, како и  осум возила со истечена важност на сообраќајната дозвола. Затекнати биле 137 непрописно паркирани возила.

Со помош на  специјалното возило „пајак“, отстранети биле 91 возило.